четврток, 4, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Резултати од првата ултра трка „Punk’s Backyard Ultra“ во Негорски Бањи

Трка на издржливост - Победник е Жикица И. со 120 истрчани километри, Радмила Ј. најиздржлива од женските со 114 км, најдобар од Гевгелија беше Влатко Семенаков со 107,2 километри, Валентина Узунова со истрчани 67 километри

декември 10, 2023
in СПОРТ
Резултати од првата ултра трка „Punk’s Backyard Ultra“ во Негорски Бањи
0
SHARES
709
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Нова ултра трка „Punk’s Backyard Ultra“ се одржа вчера на траса кај Негорските Бањи. Се собраа ултра маратонци од Македонија, и уште пет европски земји, а имаше натпреварувачи и од Гевгелија, шестчлен тим на Атлетскиот клуб „7ми Ноември“.

Победник на трката е ЖИКИЦА ИВАНОВСКИ со истрчани 18 круга, или вкупно 120,69 километри. Тој е последниот од натпреварувачите кој успеа да помине низ целта 18 пати и да покаже максимална издржливост. БРАВО!.

Related posts

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025
Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

септември 3, 2025

Од женските учеснички најиздржлива на трката, со само еден круг помалку од победникот Живко И., е Радмила Јованова која истрча 17 круга и цели 113,985 километрки должинска ултра траса.

Од гевгелиските атлетичари најдобар на трасата беше Влатко Семенаков кој истрча 16 круга, или 107,2 километри. Браво Влатко!

Методија Ичев од Богданци, член на АК „7 Ноември“ истрча 12 круга.

Инаку, светскиот рекорд на ултра трките е е 102 круга, односно 684 километри.

Победниците на „Punk’s Backyard Ultra“ во Гевгелија – Жикица Ивановски (18 круга-мажи) и Радмила Јованова (17 круга-жени)

Нашата Валентина Узунова истрча 10 круга од трасата долга 6,7 километри, односно купно 67 километри беа истрчани од неа. Ова беше нов предизвик за атлетичарката на АК „7ми Ноември“, богданчанката Вале, член на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија под чие клубско знаме учествува на ултра напорните ридско-планински трки организирани низ Македонија.

Валентина Узунова истрча 10 круга,вкупно 67 километри и покажа дека може да биде издржлива и во своите „50+“ години.
Во првото интервју за GevgelijaNet Валентина ни кажа дека животна желба и’ е да истрча 100 километарска трка. Еве, вчера почна да се приближува до 100-ката.

Својот успех таа го посвети, како и секогаш, за поддршка на пациентите со Пулмонална хипертензија (PH).

Од тимот на АК „7-ми Ноември“ ултра крос трасата ја истрчаа и гевгелиските атлетичари: Марјан Туртуров (9 круга = 60,3км), Дарко Прошев (8 круга = 53,6 км) и Станслав Стоименов (8 круга = 53,6 км)

  • „Punk’s Backyard Ultra“ не е обичен настан за трчање. Тоа не е само трка, тоа е врвна мерка за човечката издржливост. Каде е ВАШАТА граница? Дали се тоа 5, или 15 јамки? Дали е тоа 24 или 100 јамки? Единствената сигурна работа за Punk’s Backyard Ultra е дека часовникот не запира додека не стаса на целта и последниот натпреварувач, – ова беше најавниот предизвик објавен од организаторите за пријави за учество на трката.

Трката се одвиваше низ патеката за велопарк во Негорските Бањи кај Гевгелија, низ борова шума, урбан парк,, поглед кон околните лозја со неверојатната глетка на снежна визура на планината Кожуф.

– „Организацијата беспрекорна“ се пофали Валентина од новиот тренд на тркачки настани низ Гевгелија.

Членовите на АК „7-ми Ноември“ задоволни што Гевгелија повторно испишува спортска историја – по најмасовната трка за Општинскиот празник „November Run“, по организирањето на првата инклузивна трка во државата во нашата Гевгелија, во саботата се постигна уште еден организационен успех, со тоа што Гевгелија беше домаќин, а АК „7 Ноември“ беше коорганизатор на првата трка „Punk’s Backyard Ultra“ одржана во Македонија

Како изгледаше на тркачката траса, кратко видео од трката:

Резултати на рецки – кој колку круга истрчал
Тркачките од АК „7ми Ноември“ Гевгелија

Овој несекојдневен спортски настан во Гевгелија беше во организација на Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во планиско трчање и други планински спортови „ТРЕКС“ од Скопје, а во соработка со Општина Гевгелија, Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, АМД „Дичо Панов“- Гевгелија и други помагатели.
Иако нова, и за прв пат организирана кај нас во Македонија, трката „Punk’s Backyard Ultra“ привлече учество на над 60 тркачи од Македонија, Грција, Косово, Србија, Словачка и Полска.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешка сообраќајна несреќа во Дојран, загина пешак

Next Post

Турција му определи 40 дена екстрадициски притвор на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

3 години ago
Шест ракометари од југот на листата за Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

Шест ракометари од југот на листата за Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

2 години ago
Премиерот Мицкоски во посета на ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото

Премиерот Мицкоски во посета на ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото

2 недели ago
Традиционално и годинава – Божиќна Хуманитарна акција „Подари радост за рождество“

Традиционално и годинава – Божиќна Хуманитарна акција „Подари радост за рождество“

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025
  • Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година
  • Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025
Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

септември 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist