345-от ден во годината е Меѓународен ден на планините, на еко системот кој ја снабдува со кислород нашата планета, на местата каде извираат многу реки, на богатството од шумски плодови, на првиот енергетски извор на човештвото, дрвото.
Во чест на овој ден свои посвети имаа планинарските друштва од Гевгелија и Дојран.
ПСК „Двете уши“ Гевгелија направи фото ретроспектива од наградените фотографии од конкурсот „Кожуф во зима“, идентичен конкурс организираа и за „Кожуф во пролет“ и „Кожуф во лето“. Исто така тие потсетија на заложбите на Обединетите нации годинава грижата за планините да ја одбележат со темата “Restoring mountain ecosystems” / “Обновување на планинските екосистеми” со што имаат за цел да ја зголемат свеста за релевантноста на планинските екосистеми.
Во таа насока од ПСК „Двете уши“ потсетија на нивната борба против изградба на мини хидроцентрали на Кожуф.
ПСК „Даб“ од Дојран учествуваше во искачувањето на врвовите Туртел (1.607 мнв) и Црквиште (1.693 мнв) на Плачковица. Беа изодени 14 километри долж Плачковица. Организатор на настанот беше Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и ДПС „Лисец“ од Штип кој воедно беше и домаќин за сите учесници на планинарското искажување на Плачковица во знак на одбележување на Светскиот ден на планините.
Фото: ЗСК „Даб“- од искачувањето на Плачковица