Во првите минути од почетокот на неделниот ден млад жител на Гевгелија бил лишен од слобода, јавува МВР.
Во полицискиот извештај е наведено дека во неделата (10.12.2023) во 00:05 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода С.Т.(23) од Гевгелија, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и тврда материја во кристали.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.