Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија синоќа на сцената на Нaродниот театар во Гевгелија го одржа својот традиционален Новогодишен концерт.
Новина во сценската понуда беше што сите настапи беа доверени на подмладокот од ансамблот „Бојмија“.
Полна сала музика, песна и игра, со нагиздани девојчиња, со разиграни момчиња – тоа беше сижето од целовечерниот концерт на подмладокот. Со тоа ансамблот „Бојмија“ докажува дека е не само чувар на фолклорната традиција, туку и расадник на фолклорот помеѓу младите, кои го прифаќаат, играат и негуваат, и собират аплаузи од публиката.
Еве, уверете се од неколкуте видеа во прилог: