Најавените врнежи во Повардарието од над 30 литри дожд на 1 м2 во Гевгелија се остварија. Од четвртокот попладне во период од 12 часа наврнаа само 1 л/м2, но вчера, петок од 07 узитрина до сабота изутрина до 07 часот воденито талог изнесуваше 29 литри дожд на еден метар квадратен.
За денеска УХМР издаде МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Под влијание на влажен и студен бран и денес особено претпладне ќе има врнежи претежно од снег. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h), а локално ќе има појава на голомразица.
Како започна саботниот ден во државата:
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Маврови Анови, 0 Битола, Прилеп, Крива Паланка, Берово, 1 Охрид, Претор, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Струмица, Кавадарци, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Дојран, Демир Капија, 5 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
59 Маврови Анови, 50 Струмица, 45 Битола, 43 Демир Капија, 30 Кавадарци, 29 Гевгелија, 28 Крушево, 27 Берово, 23 Крива Паланка, Штип, 22 Виница, 20 Дојран, Прилеп, 16 Скопје Петровец, 11 Ѓуриште, 10 Тетово, Куманово, Велес, Попова Шапка, 9 Претор, 8 Скопје Зајчев Рид, 5 Охрид.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
48 Маврови Анови, 39 Крушево, 21 Попова Шапка, 13 Ѓуриште, 4 Берово, 3 Крива Паланка.