Oд меѓународниот ракометен турнир „Трофеји Карпати“ Македонската младинска ракометна репрезентација се враќа со две освоени индивидуални награди.
Македонските ракометари Мирче Калајџиески прогласен е за МВП, односно најкорисен играч, а Самоил Ристевски беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Машката младинска репрезентација на Македонија со две победи и еден пораз го заврши настапот на „Трофеј Карпати“. Ги победивме Саудиска Арабија и Словачка, изгубивме од домаќинот Романија.

На турнирот „Трофеј Карпати“ настапија и двајца гевгелиски репрезентативци, браќата Тодор и Димитар Узунчеви. Со постигнатите голови во трите дуели што ги одиграа на турнирот тие остварија гол ефектива од 25% во вкупно постигнатите 104 голови од страна на македонската репрезентација.
Од двајцата браќа, гевгелиски младински репрезентативци, поефикасен беше помладиот Димитар кој сам пласираше вкупно 21 гол во мрежата на противничките репрезентации: Саудиска Арабија (4 гола), во голот на „Словачка (10 погодоци) и во голот на Романија (7 погодоци).
Во денешниот попладневен меч што беше практично финале, нашите младинци беа поразени од Романија со 36-32, но домашните во финишот имаа голема судиска помош, која влијаеше на ритамот на игра на македонската репрезентација.
Настапот на овој турнир беше дел од подготовките за настапот на Европското првенство 2024 година во Словенија.
Македонија покажа солидна игра, вредна за пласман, индивидуални ракометни таленти и гевгелиски голгетери. Ракометната иднината за нив допрва доаѓа.