Тодор има 19 години и член е на јуниорската репрезентација на Македонија У – 20. Неговиот помал брат Димитар го следи по стапките на спортскиот успех.
Во своето деби во У-20 на првиот натпревар со Саудиска Арабија Тодор постигна два гола за победа, а Димитар четири. Вчера во натпреварот со Словачка Димитар оствари 10 погодоци во мрежата на противничкиот гол и беше најдобар на теренот од избраниците на селекторот Стојановиќ. Заедно, братското репрезентативно ракометно дуо оствари 22,22% од вкупниот резултат за победа на Македонија на меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Карпати“.
До сега браќата Узунчеви имаат Score од 16 постигнати голови на меѓународниот натпревар „Трофеј Карпати“ што се игра во Романија и е официјална ракометна претходница на Европското првенство EHF кое треба да се одигра во 2024 година.
Високи, брзи на теренот, лесни за доскок, со торпеден шут, Тодор и Димитар Узунчеви – тоа е спортската репрезентативна гордост на Гевгелија.
Напред момци! Гевгелија навива за Вас и за Македонија!