Во организација на Црвен крст Гевгелија од утре 20 декември до петок 22 декември ќе биде отворена „ВОЛШЕБНАТА КУЌА НА ЖЕЛБИТЕ“ која ќе биде лоцирана во центарот на градот кај т.н,. плоштад „Фонтана“.
Куќата е „волшебна“ затоа што исполнува желби, детски Новогодишни желби, а волшебникот можете да бидете Вие ако ја посетите во периодот од 12:00 до 20:00 часот и се придружите на хуманитарната акција за децата, за најмалите..
Овде, волонтерите од Клубот на млади ќе бидат пристапни и отворени да ја слушнат секоја детскае желба!
А сите заеднички, организаторот ЦК Гевгелија, со партнерите на акцијата, со вашето учество, ќе бидете реализатор на една детска желба.
Секој посетител на „Волшебната куќа на желби“ може да напише Новогодишна желба на своето дете, да ја прилложи во сандачите за писма во плик. Хуманите граѓани, институциите, фирмите кои се очекува да се придружат на акцијата, ќе изберат по еден од „волшебните“ плика и ќе пристапат доброволно кон исполнување на Новогодишната желба напишана, посакана од некое дете.
– „Дојдете, напишете ја скромната желба за вашето дете и бидете повод за празничната радост на нашите мали сограѓани“, порачуваат организторите.
Децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат пред Новогодишните и пред Божиќните празници, или ќе бидат во самата волшебна куќичка, или во просториите на Црвен крст Гевгелија.
– „Во ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на најмалите“ велат од Црвениот крст Гевгелија, како организатори на оваа хуманитарна-дарителна акција.
Со ова, на свој оригинален начин ЦК Гевгелија ќе се приклучи два дена во рамките на Новогодишниот Базар што го организира општина Гевгелија по повод претстојните празници, на истата локација во центарот на Гевгелија, плоштад „Фонтана“ во период од 21 до 31 декември.