Привилегијата да се биде во дружба со снегот кој ретко доаѓа на југот, кај нас во околината деновиве ја има само Кожуф планина.
Првиот снег заврна на 26 ноември годинава , вториот во првата декада од декември, а третиот неделава на 17 декември.
Кој ужива во белата идилична средина на Кожуф? Па кој, ако не планинарите.
Неделниот ден 22 членови на ЗПСК „Кожуф“ ја реализираа акција од Смрдлива вода до планинарската настрешница под Сува рупа. Снегот мек, пресно наврнат создаваше пејсажи како од разгледница. На снежниот прием на Кожуф уживаа и две дечиња од пет години заедно со постарите планинари.
Ѕирнете малку од бајјковитата снежно-бела идила со која Кожуф ги дочекува сите посетители деновиве.
Фото: ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија