24-годишен студент уби 15 свои колеги и рани уште 24 на универзитетот во централна Прага. Напаѓачот е најден мртов и се уште не е јасно дали се самоубил или е убиен од чешката полиција.
Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на Универзитетот во Прага е 24-годишник од село на 21 километар од главниот град. Полицијата додаде дека и таткото на осомничениот Давид Козак е пронајден мртов.
На прес-конференција попладнево во Прага е соопштено дека 15 луѓе се убиени, а 24 повредени во крвавиот напад. Притоа беше неведено дека напаѓачот, најверојатно, бил инспириран од слични од слични масакри кои што се случиле во странство.
„Масовното пукање на Карловиот универзитет не е поврзано со тероризам“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан.
BREAKING:
Reports of many killed in a mass-shooting at the Charles University of Prague, Czechia.
The pictures below show the shooter of the roof of the building and students trying to hide from him on a ledge high up in the air. pic.twitter.com/9K0ibvudGP
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 21, 2023
Се случи масовното пукање во зградата на Филозофскиот факултет и Факултетот за уметност на Карловиот универзитет во Прага, пренесува чешката новинска агенција ЧКТ. Полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран. Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан истакна дека „напаѓачот бил млада личност“ и според чешките медиуми станува збор за 24-годишен студент кој претходно бил поврзан со друго насилно убиство во селото Кладно, 24 километри од чешката престолнина. Полицијата, при потрагата по Давид Козак, утврдила дека тој всушност е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага.
#WATCH : Video of the moment when Students at Charles University in Prague hide on the roof of a building where they are trying to hide from a gunman. #Shooting #Prague #Czech #CharlesUniversity pic.twitter.com/XGqqHW9tjk
— upuknews (@upuknews1) December 21, 2023
„Врз основа на првичните информации, можеме да потврдиме дека на лице место има мртви и повредени. Полицијата е излезена на терен, а целиот плоштад „Јан Палах“ и околината се целосно затворени“, соопшти чешката полиција на платформата Икс.
BREAKING:
Mass-shooting in Prague, Czechia at the Charles University.
First reports say multiple people have been killed.
Shoots can be heard in the video. Large police presence at the scene.
— Amit Shah (Parody) (@Motabhai012) December 21, 2023
На лице место се наоѓаат и бројни медицински екипи, а на снимките штоп се шират на социјалните мрежи се гледаат луѓе како истрчуваат од зградата на факултетот која е во полициски обрач.
Новинската агенција Акту.цз наведува дека напаѓачот користел „долго оружје со оптика“.
„Моментно сум заглавен во својата училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молам да излезам жив. Ја заклучив вратата пред обидот на напаѓачот да ја отвори. Пекол“, напиша Јакоб Визман.
Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека немало други напаѓачи и дека опасноста поминала. На вработените и студентите на факултетот им беше кажано да останат во канцелариите за време на полициската интервенција. Плоштадот и неговата околина се затворени. Карловиот универзитет се наоѓа во стариот дел на градот, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост.
Убиецот, чие име, според чешките медиуми, е Давид Козак, наводно на почетокот на неделава на социјалната мрежа Телеграм објавил дека го мрази светот и сака зад себе да остави што повеќе болка.
За ова е запознаена и полицијата и е предмет на истрага.