Традиционално и годинава во пресрет на Новогодишните празници Форумот на жени на СДСМ Гевгелија организираше Хуманитарен новогодишен базар.
Реализацијата на понудата на Базарот ја осмислија, подготвија и остварија членките на Форумот на жени, со свои изработки, домашни подготовки, новогодишни украси и донирани кондиторски производи и храна.
Сето заедно беше понудено на хуманитарна продажба пред посетителите на Базарот, кои повторно во најголем број беа од женскиот актив на СДСМ и членови и симпатизери.
Освен понудената цена за откуп на производите секој поединечно од посетителите донираше паричен прилог во наменската курија за хуманитарни донации. Содржината од собраните средства ќе биде донирана на семејство од социјален ризик, самохрана невработена мајка со дете на која и’ е неопходен електичен шпорет и печка за греење.
– „Хуманоста и грижата за другите е наша партиска и програмка определба од која не отстапуваме. Благодарност до сите наши членки на Форумот кои придонесоа во акцијата, со свои креации го збогатија Базарот, а сите заедно собравме доволно средства да усреќиме едно семејство на самохран родител и дете“ – изјави Елизабета Стефановска, претседтелка на Форумот на жени на СДСМ Гевгелија.
Хуманитарниот настан привлече како и секогаш голем број на посетители кои донираа за доброто на некој наш сограѓанин, за некое дете кое нестрпливо ја очекува магијата на празниците. Па, еве како луѓето од заедницата самите ја создаваат магијата на среќата.