четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home БАЛКАН

ВИДЕО: Потона сплав на Сава во Белград – евакуирани 30 малолетници

Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград ноќеска почнал да тоне додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци

декември 24, 2023
in БАЛКАН, СВЕТ
ВИДЕО: Потона сплав на Сава во Белград – евакуирани 30 малолетници
0
SHARES
160
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград ноќеска почнал да тоне додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци, јавуваат српските медиуми. Многумина во паника скокнале во студените води на реката.

Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолентици, додека двајца поради алкохолозирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).

Related posts

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

септември 16, 2025
ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

септември 11, 2025

Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ.

Многумина од присутните во паника скокале во водата обидувајќи се да допливаат до брегот на реката, што може да се види и од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека дојавата оти сплавот тоне и дека луѓе се во вода ја добиле во 00:37 часот.

„Со пристигнување на местото на настанот во 00:44 часот, констатирано е дека сплавот тоне и дека е потребно да се евакуираат луѓето од сплавот и од водата. Потона мостот меѓу сплавот и брегот“,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Соопштиле од Министерството.
– „Сите 30 лица кои се нашле на „Картел“ биле евакуирани на соседниот сплав, а во акцијата за спасување учестувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица. Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА). Во инцидентот нема повредени“.

  • „Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од белградската Итна помош, пренесува Н1.
Потонатиот сплав „картел“ и потонатиот мост до брегот

Од Итната помош рекле дека се започнало со дојава за тепачка на сплавот.

Според дежурниот лекар, голем број од младите луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Потонатиот сплав „КАРТЕЛ“ на р.Сава

Ова е трет случај на потонат сплав во Србија.
Неодамна во градот Смедерево до половина потона сплавот „Боем“ на реката Дунав, додека во него имало гости кои успаеле навреме да излезат.
На новогодишната ноќ минатата година во Белград потона сплавот „Фристајлер“, поради што беа уапсени одговорните за неговото менаџирање, бидејќи дозволиле присуство на поголем број луѓе од капицитетите на објектот.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Прва „awake brain surgery“ на Клиниката за неврохирургија во Македонија

Next Post

Интервју со Валентина Узунова – најиздржливата ултра спортистка од југот на Македонија

Next Post
Интервју со Валентина Узунова – најиздржливата ултра спортистка од југот на Македонија

Интервју со Валентина Узунова - најиздржливата ултра спортистка од југот на Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличани се претставија на „Везилка“ на Алфа ТВ

Гевгеличани се претставија на „Везилка“ на Алфа ТВ

1 година ago
Приведен 23 годишен гевгеличанец

Приведен 23 годишен гевгеличанец

2 години ago
Освоени четири подиуми од малите гевгелиски атлетичари  во Грција

Освоени четири подиуми од малите гевгелиски атлетичари во Грција

1 година ago
ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“
  • Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025
Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist