Владините економски пакет мерки за поддршка на стопанството видливи и присутни и во Гевгелија.
Вицепремиерот за економски прашања и развој Фатмир Битиќи завчера ја посети компанијата „Русе комерц“ од Гевгелија каде заедно со сопственикот Димитар Русев се уверија за квалитетната имплементација на новите економски проeкти во стопанството со поддршка на пакет владините економски мерки.
– „Со сопственикот на компанијата Русе Комерц, господинот Димитар, прошетавме по капацитетите на компанијата со која потпишавме договор за инвестициски проект 2020 – 2024 година, со кој Русе Комерц до крајот на завршување на Инвестицискиот Проект е предвидено да инвестира 88 милиони денари.
Заклучно со 2022 година, Владата и’ има исплатено на оваа гевгелиска компанија околу 3,5 милиони денари финансиска помош“, изјави вицепремиерот Битиќи при посетата во Гевгелија.
Средствата кои ги доби „Русе комерц“ е од мерката „Капитални инвестиции и конкурентност на пазарот“ со кои се помага развојот на компанијата, нејзиниот извозен продор и секако задржување на постојните и отварање нови работни места кои ќе се обезбедат од локалното работоспособно население, со што се помага и локалната економија и семејниот стандард во општина Гевгелија.
Сопственикот и стопанственик Димитар Русев истакна дека:
– „Поддршката е значајна за сите компании, бидејќи им помага за одржување на ликвидноста при нови инвестиции и секако нови вработувања. Финансиската поддршка од Владата е во корист на компаниите но и нивните вработени.“