Малиот херој со капачињата кој со грстови од своите дланки ги внесуваше во ГОЛЕМОТО СРЦЕ на градскиот плоштад во Гевгелија, го затекнавме вчера, додека траеше пречекот на Дедо Мраз во Гевгелија.
Некои деца пееја, некои играа, некои гледаа, а ова наше детенце го полнеше големото срце со пластични капачиња.
Имаше цела картонска вреќа собрани капачиња кои прво се обидуваше дланка по дланка да ги внесува. во црвеното метално СРЦЕ, ама кутијата голема, а има уште неколку пластични туби и големи пластични кеси полни со мали капачиња, па се внесе и со грстови од своите дланки го полнеше срцето.
Работата ќе му одземе некое време од денот, додека другите деца се забавуваа на плоштадот, а тој сакаша да ја исполни својата хумана задача, да придонесе од рециклираните капачиња да се соберат средства за набавка на инкубатор за најмалите пациенти во Општа Болница Гевгелија..
На оваа акција се придружија и децата од детските градинки во Гевгелија Дојран, Негорци. Ние Ви ја споделуваме хуманоста на најмладите за да покажеме дека децата се полни со љубов!
- „Од нашите срца за уште многу детски срца❤️ Да ја заокружиме годината со хуманост❣️ Ви благодариме за соработката – родители и ООЦК Гевгелија“ – порачаа од Градинката во Негорци.
- „Годината ја завршуваме во знакот на хуманоста. Собраните капачиња денес беа подигнати од Црвен Крст Гевгелија. И наредната година продолжуваме со кампањата ,,Рециклирај и подари живот”. Голема благодарност упатуваме до сите наши родители за несебичното вложување во истата“ – порачаа од ДГ „Кокиче“ од Дојран.
Децата имаат срца полни со љубов.
Да ги негуваме малите срца, да се грижиме и за новите мали срценца на кои инкубаторот им значи живот. Собирајте и донирајте капачиња!