Според медицинскиот дневник на дежурните одделенија при Општа Болница Гевгелија Новогодишната ноќ во Гевгелија била без драстични здравствени интервенции.
– „Во текот на новогодишната ноќ имавме само една повреда на глава, која беше санирана на Хируршкото одделение во гевгелиската болница. Нема пријави на лица за интоксикација“ – изјави за GevgelijaNet директорот на Општа Болница Гевгелија Александар Киров.
Ова укажува на извонредната мирна атмосфераа за време на прославувањата во Новогодишната ноќ во Гевгелија.
Од Гинеколошкото одделение при Општа Болница Гевгелија пак известуваат дека се’ уште нема новороденче кое ќе го разлее својот животороден плач низ просториите на гевгелиската болница.
Се’ на се’, добри вести за гевгелиските славеници, а вести во очекување од родилките и новоочекуваните мајки со бебиња.