Додека го чекаме првото новороденче во Новата 2024 година во Општа Болница Гевгелија, да се потсетиме дека бебешкиот плач на новороденче во Гинеколошкото одделение минатата година се случи на 1 јануари во 13:20 часот од родилка Виолета од Моин која го донесе на свет својот првенец Антонио.
Годината 2023 во Општа Болница со проширена надлежност Гевгелија се родени 16 бебиња, од кои 6 машки, а 10 женски“ – извести за GevgelijaNet.com дежурната сестра акушерка Марија Шутарова.
Ова е мала бројка на новородени во гевгелиската болница заради непостоење на комплетен медицинско-гинеколошки-анестезиолошки тим за изведување на пороѓај, царски рез, или породување кај тешки форми на бремености.
Сепак Гевгелија и регионот на надлежност на Општа болница Гевгелија имаат свои принови, од страна на родилки од југот кои својот чин на мајчинство го доживеале во некои од родилиштата во државата.
Точната бројка на новородени во 2023 година е 237 бебиња.
– „Во одделението за превентивна здравствена заштита – вакцинации при гевгелиската болница во текот на 2023 година вакцина примиле вкуно 237 бебиња. Од тоа 174 се од подрачјето на општина Гевгелија (130 од градот и уште 44 од селските населби), потоа 42 новороденчиња – нови жители на општина Богданци и уште 21 од општина Дојран. Бројот на вакцинално третирани новороденчиња во текот на минатата година ја покажува и бројката на новороденчиња за 2023 на подрачјето на надлежност на Општа Болница Гевгелија“ – извести за GevgelijaNet.com медицинската сестра Надица Ноиќ, дежурна во Вакциналното одделение во Гевгелиската болница..
Во здравје и вакцинално заштитени под здравствена грижа и третман од Општа Болница Гевгелија на овие простори во текот на 2023 година животот го збогатиле 237 нови мали наши сограѓани.