На ден Бадник, предвесникот на Христовото раќање Гевгелиската парохија подели 155 хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик со цел да ја збогатат семејната радост, трпезата, благодетот од празниците.
Оваа хуманитарна Божиќна акција е традиционална во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво, а во неа се вклучени двете цркви „Св. Кирил и Методиј“ и „Свети Спас“.
Продуктите во вид на храна, пијалоци, брашно зејтин, тестенини, беа донирани од гевгеличани, поединци, семејства, фирми, секој со намера да подари некому кому му е потребна помош и подадена рака за радост и празничкна Божиќна вечера во среќа со семејството.
– „И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва“. (Јаков 2:17) – потсетуваат од Гевгелиското архиерејско намесништво.
Црквата упати благодарност до сите кои учествуваа во хуманитарната Божиќна акција:
– „Благодарност до сите што се одзваа на повикот за Хуманитарната Божикна Акција „Подари радост на Рождество. Господ Бог да ви го преумножи доброто во вашите животи“ – порачаа свештениците од Гевгелиската парохија..