Божиќ, најрадосниот христијански празник, денеска се слави насекаде низ планетата. Го слави и Новак Ѓоковиќ во далечната Австралија каде се подготвува за првиот Грен слем сезонава. Тој се огласи на социјалните мрежи и на сите им посака среќен празник. Тој напиша порака на кирилица.
„Божји мир. Христос се роди. Среќен Божиќ“, рече Ѓоковиќ. Објавата собра над 17.000 „лајкови“, а коментарите веднаш почнаа да се слеваат. Сите возвратија со честитки и убави желби и му посакаа на српскиот ас да го крене пехарот на претстојниот турнир во Мелбурн.
Откако беше елиминиран од Купот на Јунајтед во Перт, Ѓоковиќ веднаш отпатува за Мелбурн, каде полека почна да се подготвува за стартот на турнирот. Она што сите ги загрижува е повредата на зглобот која го мачеше во Перт и поради која не можеше да го даде својот максимум.
Сите се надеваат дека повредата не е страшна и дека ќе биде подготвен за походот кон 25. Грен слем трофеј.
Да потсетиме, Новак до сега има освоено 10 трофеи на Австралија Опен од 2008 првиот до 2023 година 10-от. Атакува на 11-от трофеј од Австралија 2024.