Четирите противпожарни единици од Југоистокот, ТППЕ Гевгелија, ТППЕ Валандово, ТППЕ Струмица и ТППЕ Радовиш вчера одржаа еднодневен традиционален Божиќен турнир во малф фудбал и пинг-понг.
Домаќин на спортскиот настан беше ТППЕ Валандово.
Во финалето од турнирот играа Валандово и Радовиш и победија домаќините со резултат 7 : 4.
Во натпреварот за трето место победи Струмица која ја победи екипата на Гевгелија со 3 : 0.
Пожарникарите-спортисти од ТППЕ Валандово славеа победа на Божиќниот турнир 2024, докажувајќи дека не биле случајни победници во мал фудбал на Првиот Божиќен турнир одржан лани во Струмица каде повторно го освоија првото место.
За најдобар играч на годинашниот Божиќен турнир во мал фудбал беше прогласен Гогов Јане, член на екипата на ТППЕ Валандово.
Во натпреварите по пинг-понг носител на првото место е Илија Кнежевиќ, а второпласиран е Димов Ристо. И двајцата се пожарникари од ТППЕ Валандово.
Божиќниот спортски турнир во Валандово собра на спортските терени 42 пожарникари од Југоистокот, информираше за GevgelijaNet дежурниот пожарникар од ТППЕ Валандово, Јововиќ Душан, кој не го криеше задоволството дека валандовчани доминираа на спортските терени и во двете категории..
Победниците среќни, останатите разиграни и во добро расположение Сепак, ова е само почеток на годината. Прилики за акции и докажувања ќе има многу, па и помош на луѓето во огнените закани.
Среќно пожарникари, и на спортските и на работните терени!
Следниот Божиќен турнир во 2025 ќе се одржи во Радовиш, а 2026 на ред ќе биде и ТППЕ Гевгелија да ја покаже својата гостопримливост, спортска организација и разиграност на теренот.