четврток, 10, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија во текот на 2023 година имала 365 денови на приправност за акција и 192 изведени акции на терен за спасување на имоти и лица во костец со огнените закани

јануари 15, 2024
in ФОКУС
ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година
0
SHARES
454
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија во текот на 2023 година имала 365 денови на приправност за акција и 192 изведени акции на терен за спасување на имоти и лица во костец со огнените закани.

Најголем број од интервенциите биле изведени на отворен простор на опожарен терен од шуми, стрништа, ридски терени, итн., вкупно 108 интервенции. Тоа е 56,25% од вкупниот број на интервенции во текот на изминатата година.
Втори по бројност се акциите за гаснење на опожарени објекти, вкупно 47 во текот на годината (или 24,5%). Трети по застапеност се техничките интервенции при спасување од возила во сообраќајни несреќи. Пет акции биле изведени за гаснење на сообраќајни средства, т.е. запалени патнички автомобили, товарни моторни возила, и други сообраќајни средства. Во категоријата „Останато“ се евидентирани уште 11 акции за гаснење на контејнери, ѓубришта, пластичен отпад,

Related posts

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025
  • „Во споредба со 2022 година кога биле евидентирани 141 интервенција на ТППЕ Гевгелија во 2023 година има пораст на акциите на ТППЕ за 36% повеќе. Најмногу пораст бележат пожарите на отворен простор, од 71 во 2022 до 108 акции во 2023 година, изјави за GevgelijaNet.com командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов..Летово беа бројни извештаите за пожари на отворено каде како причина се наведува „човечки фактор“.

Инаку, гевгелиските пожарникари работно и огнено ја испратија Старата, исто така работно и огнено ја започнаа Новата 2024 година. На 30 декември 2023 тие успешно изгаснаа пожар во зграда во Богданци, со евакуација на станарите од четирите спрата во зградата, а на Новогодишната ноќ, само 15 минути после полноќ интервенираа во гаснење на опожарена семејна куќа во Миравци и евакуација на неподвижна жена-станарка.

Пожар во Миравци, успешно извлечена неподвижна жена

Акциите продолжија и во јануари со уште шест интервенции: гаснење на пожар на отворен простор, гаснење на запален контејнер (2 интервенции на 9 и 14 јануари), интервенција во сообраќајна несреќа кај Фурка, пожар во Мрзенци на фарма, во Богданци на отворен пат.

Тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата Дојран-Фурка

Секој пожар е закана за губење на материјални добра, па и несреќи, или изгубени животи. Затоа, внимателно со палењето, со запушените оџаци дома, со палењето петарди, контејнери..

Да им посакаме мирна работна сезона на гевгелиските пожарникари од ТППЕ Гевгелија во Новата 2024 и помалку пожари и потреба од акции!

Тимот на ТППЕ Гевгелија во акцијата за гаснење на опожарена зграда во Богданци – 30.12.2023

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Поздрав на македонски јазик од Токио

Next Post

Спортски портрет – Стефан Сулев

Next Post
Спортски портрет – Стефан Сулев

Спортски портрет - Стефан Сулев

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Валентина Узунова – 5та на „Krushevo Trail Challenge“

Валентина Узунова – 5та на „Krushevo Trail Challenge“

1 година ago
Атлетските сили на Гевгелија истрчаа Ултра маратон

Атлетските сили на Гевгелија истрчаа Ултра маратон

9 месеци ago
Еден тешко повреден во сообраќајка кај с.Богородица

Еден тешко повреден во сообраќајка кај с.Богородица

3 години ago
Ана Бегова и Максим Ангов – изненадија на трката од 5 км на „November Run“

Ана Бегова и Максим Ангов – изненадија на трката од 5 км на „November Run“

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ
  • Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош
  • ВИДЕО: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist