Празничниот ден Богојавление придружен со топлото налик на пролетно време во Гевгелија, денеска привлече двеилјаден народ на церемонијата на осветувањето на водите на Вардар кај Гевгелија.
Беше одржана Света Божествена литургија во сослужение на свештеници од Гевгелиското Архиерејско намесништво, а Чесниот крст беше пуштен да заплива во водите на реката Вардар и со тоа се осветија водите во чест на покрстувањето и просветувањето на Исус Христос кој беше крстен во водите на Јордан пред повеќе од 2000 години од старна на Јован Крстителот.
Во водите на Вардар по Чесниот крст запливаа над 20 млади момчиња. Најбрз и насреќен од сите беше Теодор Цветков, 29 годишник од градот Русе, Р.Бугарија.
Теодор за GevgelijaNet изјави дека ова му е втора среќа во Гевгелија, бидејќи и во 2018 година бил на Богојавление во Гевгелија и бил носител на Чесниот крст.
– „Сакам да живееме сите во добрина, да правиме добро, да помагаме, сите да бидат среќни“ беа неговите зборови.
Градот Русе во Бугарија е лоциран покрај Дунав и оттука пливачката способност на Теодор да биде најбрз од сите денеска и да го достигне крстот кој пливаше по Вардар.
Првите честитки Теодор ги доби од пливачите уште во водите на Вардар, вториот од екипата на Брзата помош која го констатираше неговото здравје, третиот од министерката за животна средина Каја Шукова која му посака здравје и среќа на ова среќно момче и да ја рашири среќата кон сите.
Од општина Гевгелија среќниот носител на крстот доби подарок лап топ, а од фирмата „Зегин“ која е редовен помагател на овој настан му беше доделен вредносен ваучер.
Гевгелија и денеска продолжува да празнува.
Добрината на денот се остварува. Среќниот носител на крстот Теодор, ја остава честа радосната вест за покрстувањето на Христа да ја понесат верници од црквата и да го благословат секој дом во Општината. Средствата кои граѓаните ќе ги подарат за здравје и бериќет, при посетата на Чесниот крст во нивниот дом да се наменат за лекување на болно дете. Вака порача Теодор, момчето кое денеска го понесе крстот и прв ја прими милоста на овој Свет ден
Бог се јави!! Нека е за многу години!