На Богојавление уживавме во денот на 18°C, а само ден потоа на Св.Јован Крстител пристигна првиот снег во Гевгелија за оваа година.
Започна да врне околу 19 часот и наврна колку да го обели пејсажот, урбаната опрема, да ги обели спомениците, да ги остави во очекување децата -“Дали ќе биде и утре тука за да си играат на снегот?”
Таков е обично белиот гостин на југот – ако не е обилен го снемува за час, два, најмногу до пладне.
Фото: Гевгелија ноќва