Зимските спортови во зима ги активираат спортистите, а во овие натпреварувачки усови свој тренд фаќаат и спортистите од југот на Македонија.
Зимската спортска сезона ја отвори Валентина Узунова со настап на „NORDIC SNOW TRAIL 2024“ што се одржа во Кочани во месноста Крушка, с.Полаки. Освен јануарскиот спортски натпреварувачки старт Велентина ја започна сезоната на МЕДАЛИ со освојување на ВТОРО место на напорната зимска трка долга 19 километри во планиснки и зимски услови со висинска разлика од 900 метри надморска височина.
По угорница низ висините на Полаки, (планинско село во с.з. дел на Кочани чии маала се издигаат на надморска височина од 780-1.110 метри н.в.) нашата јужна маратонка трасата ја истрча за 2 часа и 24 минути, или секој километар за 7,5 минути атлетски напор на Валентина.
На целта Валентина понесе медал за освоено Второ место во женска категорија и Диплома за учество со својот стартен број 41, а се пласираше како ВТОРА од бројните учесници.
Организатор на Првата нордиска трка во Македонија е Клуб За Планински Спортови „Осоговски Орел“ Кочани.
- „Трката ја органозираа за многу кратко време. Оцена за организаторите би дала најголема. Супер маркација. Волонтетите обучени. Имаше снег, кал….трчавме на -1 степен, но со сонце за среќа“ – изјави за GevgelijaNet јужната маратонка Валентина.
– „Мал број на учесници. Бевме ние планинарски тркачи и со брзо одење. Ние први тргнавме после пола час другите со брзо одење. На целта имавме финиш медал, чај, сок, многу барови и вкусен планинарски грав, таму на висините подготвен“ ни’ изјави Валентина.
Спортскиот старт за 2024 година Валентина одлучи да го има самостојно, без клубски ознаки, исклучиво за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија и нејзината незаборавна пријателка Ѓургица Ќаева од Гевгелија која како да ја благослови со сила и спортска упорност за успех со зборовите: „Вале, не знаеш колку си среќна што си здрава!“.
Сега Вале трча за својата спортска муза и сите болни од ПХ за видливост на нивниот здравствен проблем, потреба од лекови, терапија, за да ја немаат прераната судбинска завршница на убавата гевгеличанка Ѓургица.
Честитки за успехот и за упорноста на оваа 57 годишна неуморна маратонка од Југот!