петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ВИДЕО

ВИДЕО: „Авантурите на Марк“ во Дојран

Познатиот готвач Марк со својата емисија за патување и гастрономија овој месец беше во посета на Дојран, јужното туристичко место кај Дојранското езеро, а гастрономскиот предизвик го имаше во кујната на ресторанот „Фук так“ и маслиновите специјалитети на Бранко

јануари 24, 2024
in ВИДЕО, ФОКУС
ВИДЕО: „Авантурите на Марк“ во Дојран
0
SHARES
1.9k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Познатиот готвач Марк со својата емисија за патување и гастрономија овој месец беше во посета на Дојран, јужното туристичко место кај Дојранското езеро, а гастрономскиот предизвик го имаше во кујната на ресторанот „Фук так“ и маслиновите специјалитети на Бранко.

Овде домаќин на готвачот-патник, а воедно и шеф на кујната на „Фук Так“ беше Митко Jaнев, третата генерација во семејството Јаневи после основачот Митко, синот Перо, па сега внукот Митко, која се занимава со угостителство од крајот на 1884 година па се’ до денеска.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Екслкузивноста на овој современо опремен ресторан и менито со риба го инспирираше Шеф Марк да предложи да направат сос за послужување на рибата кој ќе има име „Сос Фук так“. Оригинален вкус, послужен во оригинален ресторан.

Митко Јанев од „Фук так“ и Шеф Марк во кујната на дојранскиот ресторан

Најбогатото езеро со риба во Македонија и на Балканот е терен за почетници, зошто овде нема кој не може да фати риба во Дојранското езеро. Па така и рибното мени е секогаш полно на задоволство на посетителите на Дојран и рестораните во Дојран.

Шеф Марк направи оригинален сос со маслинки и го послужија со дојранската риба Перкија. Беше послужено за дегустација и се уживаше во муабетот за Дојран. Погледнете ја емисијата и како Шеф Марк се снајде во кујната на дојранскиот рибен ресторан „Фук так“.

Перкијата и сосот „Фук так“ послужени во истоимениот ресторан „ФУК ТАК“

Марк го посети и маслинкарникот на локалниот производител Бранко, засади маслинка и рече ќе почека да порасне. Го посети домот на дојранчанецот Бранко и сите производи кои ги приготвува од маслинката: свежа, цедено масло од маслинка, чај од маслинка, паста од маслинка, слатко од маслинка…леб со проја и маслинка…
Марк вели „Се чудам како не си подготвил и ракија од маслинка!? Зошто да не пробаш и да дестилираш алкохол од маслинка!?

-„Пастата се прави со капри, со сува слива, а може и со риба“, вели домаќинот Бранко.
– „Чекај, да им кажам на гледачите дека ова е навистина прекрасно“ се обрати кон камерата со полна уста леб и паста од маслинка Шеф Марк.
– „Ова го има во јужна Франција, ама еве го има и во Македонија, во Дојран. Да бидеме горди“ – заклучи Шеф Марк.

Домаќинот Бранко му поклони на гастрономскиот авантурист кој го посети Дојран едно специјално пакување „Чај од маслинка“ кое се прави од неплодна маслинка и е осум пати појак чај од зелениот. Во Арапската медицина овој час се смета за еден од најакиот антибиотик меѓу тревите.

Ете, ова е доволно за предизвик. Погледнете ја емисијата за да откриете повеќе какви се’ задоволства вкуси Марк во Дојран, а за да се уверите во кулинарските специјалитети што ги препорача Марк ќе треба да одите во Дојран и сами да ги вкусите убавините на дојранската кујна.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен криумчар на мигранти кај с.Мрзенци

Next Post

ВИДЕО: Нова песна од Тоше Проески по повод 43-от роденден

Next Post
ВИДЕО: Нова песна од Тоше Проески по повод 43-от роденден

ВИДЕО: Нова песна од Тоше Проески по повод 43-от роденден

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските средношколци со одлични резултати на Регионален натпревар по математика

Гевгелиските средношколци со одлични резултати на Регионален натпревар по математика

5 месеци ago
Нобеловата награда за мир за 2023 ја доби Иранката Наргес Мохамади

Нобеловата награда за мир за 2023 ја доби Иранката Наргес Мохамади

2 години ago
ВИДЕО: Поздрав на македонски јазик од Токио

ВИДЕО: Поздрав на македонски јазик од Токио

1 година ago
Близу 800.000.000 евра потрошиле граѓаните во македонските казина и обложувалници

Близу 800.000.000 евра потрошиле граѓаните во македонските казина и обложувалници

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist