Денес ТОШЕ ќе полнеше 43 години и ќе ја пееше песната во живо, а сега пријателите како незаборав за нашата најголема музичка легенда Тоше Проески го оживуваат неговиот глас.
Новата песна на Тоше “КАЖУ ДА ВРЕМЕ ЛЕЧИ СВЕ” е студиска демо снимка снимена во студиото на гевгеличанецот Кирил Зарлинов, водител, диџеј и продуцент од „Антена 5“ познат како диџеј Ерик Фокс.
Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот денешен 43-ти роденден, со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.
Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил. После 20 години со помош на АИ технологијата ТОШЕ повторно пее за нас.
Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.
Тоше – „Те Сакаме сите”!