Екипата на Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ од Дојран вчера и во петокот два дена по ред интервенира во гаснење пожар на отворен простор во атарот на с.Николиќ, општина Дојран.
Гореше нискостеблеста шума, сува трева, капини, прнар, па и трски во крајезерскиот простор.
– „Екипата на ДППД од Дојран вчера излезе на терен со едно противпожарно возило и четворица пожарникари. Се гаснеше просторот од Николиќ после оранжериите, а од силниот ветер огнот се движеше во правец кон шумата. Акцијата траеше од 16 до близу 19 часот“ – изјави за GevgelijaNet Стојан Шулев, претседтелот на ДППД Дојран.
Двата огнени дена и интервенциите за гаснење пожар на отворен простор даден под концесија за земјоделска дејност, Сулев ги припишува на човечки фактор кој од немарност да го исчисти теренот и подготви за обработка, по најлесна постапка го потпалуваат да изгори, не сметајќи го факторот ветер и брзото ширење на огнот.
Поради непристапноста на крајезерскиот терен кој бил под вода и доста каллив, без можноста ПП возилото да се приближи за интервенција, опожарените трки изгореле.
Причинетата штета засега не е утврдена.
Земјоделското земјиште кое било опожарено, некогаш засадено со маслинки, а сега место да се ископаничат биле запалени, си има свои стопанственици. Истите тие не се јавиле да се извинат за непријатниот огнен ден, два во с.Николиќ, велат од ДППД Дојран.