Пасионираниот планинар, велосипедист, но и планински кулинар Џоко Ризов од Гевгелија има нов рецепт за гурманлиите, ако се мераклии на шпагети, печено месо и природниот амбиент на Кожуф.
За рецептот Ви требаат намирниците и спретната рака на Џоко, ама Вие можете да бидете вредни и умешни и покрај домашниот шпорет. Ова како замена на планинскиот амбиент, а сето наведено можете да го повторите мераклиски и на запален оган во снежниот амбиент на Кожуф, ако не денеска, за време на викенд.
Значи готвачот од Кожуф предлага вкусни шпагети карбонара.
Потребни намирници: едно пакување шпагети, 200 гр. сланина, едно јајце, масло за јадење, црн бибер, сол. едно чешње лук, пармезан. За планинска подготовка понесете си тенџере, тавче, лажиџа за готвење и прибор за јадење. И, потоа може да заборавите на грижите.
За начинот на подготовката на „Шпагети🍝 Карбонара“ погледнете од видеото:
Ако сте мераклии по месото, без гајле – има Џоле сочен рецепт и за љубителите на добро печење.
Месото одберете го Вие, ајварчето нека биде до Вас и потпечено лебче на жар. Ммммм…
Се надеваме дека ќе уживате во вкусното подготвено.
Добар апетит!