Македонец во Србија возел со 2,52 промили алкохол во крвта, направил две сообраќајки и завршил во затвор.
Српски полицајци лишиле од слобода 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи „Тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди, а притоа во крвта му биле измерени 2,52 промили алкохол.
Информациите од српските медиуми се дека тој прво удрил во паркирана „Шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое тргнало на увид по пријава од сопственикот на „Шкодата “, известија од Полициската управа во Јагодина.
Полицијата го задржала зад решетки пијаниот возач кој ја загрозувал безбедноста во сообраќајот и определен му е притвор.
Против сторителот на сообраќајните незгоди ќе биде поднесена соодветна пријава.
Понатаму ќе постапуваат судските органи во Србија.