вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Почина ПЕТКО СМИЛКОВ – професор, општественик, поранешен градоначалник на Гевгелија

Денеска по кратко боледување во 73-та година од животот почина Петко Смилков

февруари 1, 2024
in ФОКУС
Почина ПЕТКО СМИЛКОВ – професор, општественик, поранешен градоначалник на Гевгелија
0
SHARES
2.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска по кратко боледување во 73-та година од животот почина Петко Смилков.

Гевгелија го памети како општествено политички работник, професор по математика, директор на СУЦ „Јосиф Јосифовски“ во неколку мандати, поранешен Градоначалник на општина Гевгелија, сопруг, татко и почитуван сограѓанин во средината каде живееше, работеше, другаруваше.

Related posts

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025

Роден е на 4.09.1950 година во с.Ново Конско, гевгелиско, селото кое покажа непокор на фашистичко-бугарскиот окупатор за време на ВСВ и оттука неговата животна определба да не потклекнува на предизвиците, туку да ги решава со својата мудрост, знаење и организираност.

Основно и средно образование завршил во Гевгелија, а Природно-математички Факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и по дипломирањето, во 1970-те години станува професор по математика во истото средно училиште во Гевгелија, а подоцна и директор во 1980-те години.

Како младинец станува претседател на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија – Општинска организација Гевгелија, во два мандати и освен организацијата на младинските активности испраќа и младинска бригада од општина Гевгелија на доброволна работна акција низ младинските градилишта во тогашна СФР Југославија.

Препознаен по својата организираност, доследност, правичност, угледот кој го уживаше во средината Смилков доби повисока политичка улога – беше избран за претседател на Извршниот Комитет на КПМ за Гевгелија, во средината на 1980-те години. Оваа функција ја добива повторно и по осамостојувањето на Македонија од поранешна СФРЈ во периодот од 2007 до 2009 година, а функцијата имаше ново име – Претседател е на ОО СДСМ Гевгелија.

Во 2000 годна граѓаните на општина Гевгелија му ја доверија функцијата Градоначалник на општина Гевгелија. За време на својот 4-гдишен мандат има реализирано значајни капитални проекти по кои граѓаните го паметат:
– Изградена е Градската капела и извршено е проширување на градските гробишта со нови парцели кон Сува река
– Оформен е денешниот изглед на паркот пред Основниот суд во Гевгелија;
– изградена е санитарна депонија во гевгелискиот регион;
– реновиран е централниот плоштад во Гевгелија;
– формирана е Агенција за развој;
– јазичен и компјутерски центар;
– реконструкција на отворен пазарен дел (стариот пазар );
– мост и улица во населено место Ново Конско, Гевгелиско;
– мост кај населено место – Кованец;
– санација на водоводот во населено место Моин, Гевгелиско;
– Изградба на водовод во Конско и село Хума – Гевгелиско и многу други.

Ова е во аналите на градската архива и одделенијата за урбанизам при општина Гевгелија.

Во аналите на Гевгелија ќе остане запаметен како граѓанин кој ја вложи својата професионална мисла за образованието на младите, својата младинска сила во организирањето на младинскиот живот во општина Гевгелија, својата политичка сила во организирањето и градењето на општествениот и урбаниот живот на Гевгелија и општинските населени места, својот личен живот во градењето на семејството, сожителството, со еден збор ДОСТОЕН ГРАЃАНИН НА ГЕВГЕЛИЈА.

Погребот е закажан утре (петок) во 12 часот на Градските гробишта во Гевгелија.

Вечен спомен професоре!
Петко Смилков (4.09.1950 – 1.02.2024)

ShareTweetShareSend
Previous Post

ФОТО: Започна ЗОНСКО во Гевгелија – автомобилите „бришка“

Next Post

Над 7.000 ваучери за вградување инвертер-клими за домаќинствата

Next Post
Над 7.000 ваучери за вградување инвертер-клими за домаќинствата

Над 7.000 ваучери за вградување инвертер-клими за домаќинствата

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Акција „Безбедно лето 2023“ во Дојран

Акција „Безбедно лето 2023“ во Дојран

2 години ago
ВИДЕО: Коледе леде, ечи во Гевгелија

ВИДЕО: Коледе леде, ечи во Гевгелија

4 месеци ago
Илина Иванџикова – ПРВА награда за НАЈДОБАР есеј на конкурсот на МСУ

Илина Иванџикова – ПРВА награда за НАЈДОБАР есеј на конкурсот на МСУ

2 години ago
Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist