Петти ден „Зонско“ регулирање на јавните паркинг површини во Гевгелија, излегоа упатсвта за купување паркинг-билети, соопштенија за склучување договори за користење паркинг простор со операторот на истите ЈПКД „Комуналец“ – наместо подобрување, регулирано одвивање на паркирањето во градот сликата во строгиот градски центар од ден на ден е поразителна.
Фотогрфиите што следуваат во прилогот се направени принт скрин од видео што го објави Ристо Маркудов на социјалните мрежи, на кое е прикажен празниот, целосно празниот паркинг пред Стопанска Банка Гевгелија, пред Фондот за пензиско осигурување, пред канцелариите на нотарите и адвокатите овде лоцирани со деловен простор.
Јужно од паркингот се простира Старата гевгелиска чаршија со дуќани, вински катчиња за дегустација на локалнен производител на вино, дуќани, бутици, сувенирници, кафеани, кафичи, менувачници, продавници на кондиторски производи, а на 10-на метри е строгиот центар на градот.
Во понеделник попладне (05.02.2024) додека сите деловни субјекти наведени погоре се се’ уште во работен ритам, на паркиралиштето нема ниту едно возило.
Со предлагањето на „Зонско паркирање“ во Гевгелија од страна на локалната самоуправа како образложение на потребата се наведуваше дека тоа ќе биде решение за сообраќајниот хаос во градот. Еве. нема хаос, ама нема ниту сообраќај. Како да е воведена автомобилска пандемија и забрана за посета на градските паркиралишта.
Ќе се провоза некој автомобил, ќе паркира во центар, ама едно лице ќе остане во возилото, а друго лице на брзање ќе отиде да купи нешто до маркет, до табако… Ако дојде паркинг редар одговорот е „Еве заминуваме, само застанавме … “
Се снаоѓа народ.
Ама ќе се снајде ли стопанисувачот со јавните градски паркинг простори во Гевгелија со дефицитот на средства од очекуваниот, а ненаплатен износ за користењето на паркинг услугата од граѓаните во градот?
Хјустон?
Houston, we have a problem!