Има само една година, невина насмевка на лицето, оти е мало и не знае што го снашло, а всушност му е дијагностициран редок вид на леукемија (Dg.Leukaemialymphoblastica acuta).
Потребна е итна трансплантација на коскена срж кој ќе значи здравје и живот за ова мало детуле од село Трстија-Виница. Овој третман се изведува во Турција и потребни се 20.000 евра за реализација на истиот, паричен износ кој семејството не може да го обезбеди.
Затоа се отворени донаторски сметки и АПЕЛ на хуманитарната светска платформа за донации.
Пред два дена е креиран Хуманитарен апел за Јаков на плаформата „Go Fund Me“ и од потребните 20.000 евра, собрани се од донации 9.296 евра, донирано од 218 донатори од Македонија и светот.
Во прилог се дадени сметките за донирање во Македонија и странство:
Жиро сметка: 300- 00 70921389 – 34
Корисник: Марија Ампова
Депонент: Комерцијална Бакна – АД Скопје
За девизни дознаки од странство:
Name: MARIJA AMPOVA
Address: s.TRSTINO – Vinica
Acc.no.: 0230703696363
IBAN: MK07300307036963670
Да помогнеме хумани луѓе, да се одржи ведрината и среќата на оваа насмевка, која со првата година од својот живот се соочува со болнички кревет, наместо детска игра дома, во градинка, со другрчиња.
Да помогнеме гевгеличани!
Хуманоста нема адреса, само големо срце на човештина!