понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

Изгласани измените на Законот за игри на среќа кои налагаат просторна оддалеченост на објектите за игри на среќа од основните и средните училишта, но и пораст на вредноста на лиценците за оваа дејност

февруари 7, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата
0
SHARES
163
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со 55 гласови „за“ од 61 присутни пратеници, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце.

Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Тоа значи се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.

Related posts

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025
Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

август 15, 2025

Движењето Антикоцкање инсистираше на донесување на ваков закон заради заштита на децата, а приредувачите на игри на среќа протестираа, зашто сметаат дека ваквите измени ќе ги затворат обложувалниците и ќе ја уништат нивната индустрија, а 10.000 луѓе ќе останат без работа.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот за предлог-законот.

Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со измените на законот ќе останат без работа.

Со измените на Законот, цената за една лиценца за обложувалница ќе порасне од 105 илјади на 200 илјади евра. Истовремено, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, а дополнително, за секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот ќе треба да плаќа надоместок од 10.000 евра, пренесува „Радио МОФ“.

Меѓудругото, со измените се предвидува автомат клубовите сега да плаќаат за лиценца која ќе чини 100 илјади евра, наместо 78.750 евра. Таа, ќе биде ограничена на три деловни простории за кои автомат клубовите ќе треба да плаќаат надоместок во износ од 30.000 евра.

  • „Се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет“, исто така се наведува во усвоениот предлог-закон.
ShareTweetShareSend
Previous Post

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА МАЛИОТ ЈАКОВ

Next Post

,Flowers’’ прогласена за песна на годината – Мајли Сајрус го освои првото ГРЕМИ

Next Post
,Flowers’’ прогласена за песна на годината  – Мајли Сајрус го освои првото ГРЕМИ

,Flowers’’ прогласена за песна на годината - Мајли Сајрус го освои првото ГРЕМИ

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Уметноста на простувањето

Уметноста на простувањето

1 година ago
TOДОР и ДИМИТАР УЗУНЧЕВИ – ракометни репрезентативци од Гевгелија

TOДОР и ДИМИТАР УЗУНЧЕВИ – ракометни репрезентативци од Гевгелија

2 години ago
ДРАГАН РИСТОВ – единствен атлетичар од Гевгелија кој го истрча маратонот во Валенсија

ДРАГАН РИСТОВ – единствен атлетичар од Гевгелија кој го истрча маратонот во Валенсија

9 месеци ago
ПРВО место за Валентина, 18-то за Станислав на „Водна-Матка треил“

ПРВО место за Валентина, 18-то за Станислав на „Водна-Матка треил“

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија
  • Запознајте го Јован – најмалиот шахист на АУРОРА 2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025
Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist