Четврток е пазарен ден во Гевгелија, установен од дамнина, а практиката се одржува со децении и векови.
Освен посетителите од околните населени места, пазарџии и пазарџиќи на овој ден скоро задолжително ја посетуваат Гевгелија и голем број на државјани од соседна Грција, токму поради пристапниот и ефтин пазар за нивниот семеен стандард.
Денеска, наместо вообичаената раздвиженост од гости, автомобили, пазарџии, еднодневни туристи и купувачи од соседството, центарот на градот уште пред 15 часот, пред завршувањето на работното време, не ја одразува очекуваната и вообичаена гужва од посетители.
Некогаш преполнетите паркинзи во строгиот центар на градот, пред Судот е туку-речи празен, паркингот пред комплексот банки со ретки паркирани автомобили, едно паркирано, а 2-3 паркинг места празни помеѓу секое следно паркирано.


Гевгеличани ги нема да сообраќаат со пазарно потрошувачко темпо, а не ги сретнавме ниту грчките редовни посетители. Празнината не се должи на датата – пензиите се исплатени, платите исплатени, Вработените од Фондот за здавство кои се во деловни простории пред посочениот паркинг го добија ветувањето дека нема да им бидат намалени платите….
Што е фактор на промена на вообичаената сообраќајна и прометна слика за време на пазарен ден во Гевгелија?
Погодувате, НОВАТА ТАБЛА за ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ и дозволено задржување не повеќе од 2 часа.
Граѓаните си ја направија математиката и логиката и ги одбегнуваат овие паркинг зони за кои не сметаат дека треба да им носи нов трошок во семејниот буџет. Грците, не знаеме, ги немаше денеска во центарот за да ги прашаме. Кој ќари од „зонскиот новитет“ во градот?
Општината ја исчисти гужвата на својата улица и може да ужива во глетката без луѓе!!?
Паркинг-редарите кои од расположивите 137 паркинг места едвам имаат за наплата на 15-20 автомобили дневно и на двете зони А1 и А2, ќаруваат ли доволно тие?
Ќе ја биде ли математиката за исплата на плата на паркинг редарите или ќе се воведе и такса за поминување преку новиот асфалт во Гевгелија и поглед од отворениот прозорец на автомобилот на свежо обоените паркинг места?

Хјустон? Како оди математиката со наплатата?
Ќе има ли плата за непреморените паркинг редари од што нема доволно, а попладнето скори „ич“ возила паркирани за наплата на услугата „паркинг на јавна градска паркинг зона“?