понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Колку тежи културниот колач во Гевгелија за 2024 година?

Советот на општина Гевгелија ја донесе Програмата за проекти од областа на културата од интерес за општината за 2024 и одлучи да распредели 7.030.000 денари на 52 културни институции и изведувачи

февруари 11, 2024
in ФОКУС
Колку тежи културниот колач во Гевгелија за 2024 година?
0
SHARES
891
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Советот на општина Гевгелија ја донесе Програмата за проекти од областа на културата од интерес за општината за 2024 и одлучи да распредели 7.030.000 денари на 52 културни институции и изведувачи.

Општина Гевгелија преку одвојувања од Буџетот од програмата К4 – „културни манифестации и творештво“ со одвоените средства за културни активности во текот на годината предвидува богат и разновиден културен живот во општината кој треба да опфати различни структури на изведувачи, да анимира публика, па и да развива културен туризам.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Кои се заслужните носители на културните проекти во Општината за кои Советот на општината даде „зелено светло“? Да ги видиме приоритетите:

Највисока ставка од поединечните издвојувања има предвидено кон Детскиот фестивл „Калинка“ , 750.000 денари буџетски средства од локалната каса која ја полнат сите граѓани на општина Гевгелија.
Со висока ставка во Програмата за култура се издвојува и „Скендеровски продукција“ од Скопје за Музички хепенинг „Македонија во срцето те носиме“ – со средства во изност од 700.000 денари од локалниот буџет на Гевгелија. Оваа продукција за прв пат се појавува во Програмата за култура на општина Гевгелија и веднаш го освојува речиси максималниот износ на одвојувања од „буџетскиот колач за култура“ иако не е позната содржината на културната понуда.

Понатаму ќе ги издвоиме: Ансамбл „Бојмија“ со одвоени 180.000 денари за одбележување на 20 годишниот јубилеј на ансамблот и 5 гостувања на фестивали во државата, едно гостување во Шпанија; ЗГ „АРТ-УМ 2023“ Гегелија – 400.000 денари за работилница за млади за музичко инженерство и авторски дела на локални артисти.
Драмска секција, литературна, ликовна секција, секција за гитара, секција за тапани, и Детскиот хор „Божилак“ кои работат при Домот на култура „Македонија“ ќе опфатат 1.231.000 денари локални буџетски средства.

од Програмата за култура Општина Гевгелија како организатор зафаќа средства во износ од 1.200.000 денари, што е 17% од вкупниот „културен колач“ за 2024 година.
Одвоени се 550.000 денари за одбележување на „7ми Ноември“, потоа 150.000 денари за одбележување на Спасовден, кои ги задржува во програмата Општина Гевгелија како организатор на одбележувањата, плус 500.000 денари за „Дополнителни активности“.

Вкупниот буџет за финансирање на културните активности во Општината изнесуваат 7.030.000 денари.

Ако се земе во предвид дека Општината со своите две одбележувања зафаќа 1.200.0000 денари, Активности на Домот на културата „Македонија“ 400.000 денари, секциите при Домот на културата 1.231.000 денари, скопската „Скендеровски продукција“ 700.000 денари, активности на Пионерскиот дом 80.000 денари, активности на библиотеката „Гоце Делчев“ 180.000 денари, Музичкото училиште со 20.000 денари, 80 годишнината од основањето на „Владо Кантарџиев“ со 30.000 денари или вкупно 3.841.000 денари одат во проекти на општински установи и скопска продукција.
Тоа е 54,63% од колачот наменет за култура во Гевгелија за тековната 2024 година.

За локални аматерски ансамбли, локални креатори се извдвојуваат средства од 10.000 денари за поединци до 150.000 денари за КУД „Танец“ Миравци, максималните 180.000 денари за Ансамблот Бојмија“, а најголем пораст во распределбата на средствата има кај ДФ „Калинка“ кој од минатогодишните 300.000 денари, годинава добива 750.000 денари финансиска поддршка.

Значи, 35 локални изведувачи ќе се финансираат со 45,3% од средствата наменети за култура за 2024, а 17 локални установи со 54,65% од средствата наменети за култура од Програмата за културни проекти од интерес за Општина гевгелија за 2024 година.

Соодносот е следен – во просек секој локален изведувач, поединец, КУД, или фестивал ќе добие 91.114 денари од културниот колач за 2024 , а секоја локална институција ќе приграби во просек по 225.941 денари, или дваипол пати повеќе за институциите отколку за локалните уметници, аматери, изведувачи.

Aнсамбл „Бојмија“ Гевгелија

Со ваква културна програма гевгеличани првата културна претстава ќе ја имаат дури 46-от ден од годината со претставата „Љубовна терапија“. Локалните активности се очигледно овој период во мирување, па дури и од културните институции во Гевгелија.
Впечатокот е дека КУЛТУРАТА очигледно не е на пиедесталот по буџетските одвојувања, а ниту по роковникот на активности кои го реализираат културните институции во Општината.

Ги очекуваме другите културни изненадувања.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен 28-годишник од Гевгелија

Next Post

Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

Next Post
Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

ТППЕ Гевгелија реаизирала 192 акции во текот на 2023 година

2 години ago
„Рециклирај и подари живот“ – Еко кампања во Гевгелија

„Рециклирај и подари живот“ – Еко кампања во Гевгелија

2 години ago
Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

3 недели ago
ВИДЕО: Спектакуларен гол на Алиоски, Македонија освои бод против Белгија

ВИДЕО: Спектакуларен гол на Алиоски, Македонија освои бод против Белгија

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist