Македонскиот натпреварувач на „Ѕвезда Гранда“ Мики Секуловски, супериорен во своите изведби и впечатоците кои ги остава кај жирито.
– „Ова е кандидат на кој сцената му е дом, микрофонот е љубов и така се гледа и слуша. Браво“, рече Марија, додека Босанецот за македонскиот 36 годишен пејач-натпреварувач од Велес изјави дека „Мики е ајкула“, a рокерот Ѓорге Давид стоечќи го проследи настапот на Мики полн со емоции.
Ниту Ѓорѓе Давид не го криеше задоволството, предвидувајќи му голем успех.
– „Кандидат број еден. Македонче, мислам дека најприродната состојба ти е кога спиеш и кога пееш. Сигурно си финалист оваа година, кој ќе го оспори нека си оди дома. Подготвени сте за албумот, можете да пеете кој било кавер, малку пејачи го можат тоа“ – објасни рокерот.
Цеца гордо им се заблагодари на колегите што го препознале талентот на Секуловски, за кој тврди дека е волшебно освежување.
Во последниот натпреварувачки дуел Мики пееше песна од Тоше Проески „Полско цвеќе“ и ги вжешти реациите на жирито кои изјавија „Ти си за финале“
Терај момче македонче, до победа!