вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Kaзината и обложувалниците куртулија од селење – Пендаровски не го потпиша указот на Законот за игри на среќа

Шефот на државата Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои предвидуваат нови цени за лиценците за обложувачниците, како и објектите во кои тие се лоцирани да бидат оддалечени повеќе од 500 метри од основните и средните училишта

февруари 13, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Kaзината и обложувалниците куртулија од селење – Пендаровски не го потпиша указот на Законот за игри на среќа
0
SHARES
124
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Шефот на државата Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои предвидуваат нови цени за лиценците за обложувачниците, како и објектите во кои тие се лоцирани да бидат оддалечени повеќе од 500 метри од основните и средните училишта.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ ја поздравија одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише указот за Законот за игри на среќа.

Related posts

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

мај 13, 2025

– „Ова е уште една потврда дека одлуката да се гласа законот по скратена постапка и под знамето на ЕУ немаше правна основа и беше во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста. Го повикуваме Собранието, сите пратеници, сите политички партии и чинители да се вразумат и конечно да се отвори јавна расправа за овој важен закон. Ајде заедно да донесеме европски закон кој вистински ќе ги штити интересите на граѓаните“, – се вели во соопштението од АСОМ.
Оттаму посочуваат дека доколку повторно има обид за носење на законот со сила, ќе организираат масовни протести.

И од Здружението „Сакам да работам“ оценуваат дека со одлуката на претседателот Пендаровски се заштитуваат десет илјади семејства.

– „После ваков развој на настаните, секој евентуален обид со мнозинство од 61 пратеник повторно да се изгласаат законските измени и претседателот да биде принуден да го потпише Указот, ќе значи дека Законодавниот дом нема слух за оправданите забелешки и работи против ЕУ-перспективите. Затоа, апелираме до техничката влада да ги повлече овие законски измени. Неопходен е широк консултативен процес со вклучување на сите засегнати страни за да се дојде до законски измени кои ќе нудат решенија за грижите на граѓаните, а не да создаваат хаос во игрите на среќа, со кој младината навистина ќе биде загрозена“, – се наведува во соопштението од Здружението „Сакам да работам“.

Оттаму апелираат и до движењето „Антикоцкање“ да не шири, како што се вели, невистини и манипулации, посочувајќи дека затворањето на легалните објекти ќе предизвика отворање диви играчници по подруми, без контрола на државата.

Собранието ги донесе измените на Законот за игри на среќа пред една недела, односно на 7 февруари 2024 година, по скратена постапка, односно со „европско знаменце“.

Одлуката, како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, Пендаровски ја донел по детална анализа на текстот на Законот и постапката во која тој беше донесен. При донесувањето на одлуката се консултирал и со Делегацијата на Европската Унија во земјава, како наш најважен партнер во процесот на преговори.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Грчка фирма спречена да прошверцува 4,4 тони дивеч во државата

Next Post

Јавен Повик за аплицирање за ваучери за бесплатен одмор за работници со ниски приходи

Next Post
Јавен Повик за аплицирање за ваучери за бесплатен одмор за работници со ниски приходи

Јавен Повик за аплицирање за ваучери за бесплатен одмор за работници со ниски приходи

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Празнична Пожарна

Празнична Пожарна

2 години ago
11 Октомври – Почит за паднатите борци, цвеќе за Таља

11 Октомври – Почит за паднатите борци, цвеќе за Таља

2 години ago
ФОТО: Домашна мајсторија – Гевгелиска направија од Бранко Ризовски

ФОТО: Домашна мајсторија – Гевгелиска направија од Бранко Ризовски

6 месеци ago
Мајката на Вања: „Не сфаќам зошто моeто преубавo девојчe е сега во гроб“

Мајката на Вања: „Не сфаќам зошто моeто преубавo девојчe е сега во гроб“

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist