понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ПОКАЧУВАЊЕ на цените за водни услуги – Празнична честитка од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија

Шок известување од Комуналец до граѓаните дека поскапуваат водните услуги за близу 50%. Одлуката за новите цени е објавена во Службен весник од 30 јануари годинава и стапува на сила со денот на објавувањето

февруари 14, 2024
in ФОКУС
ПОКАЧУВАЊЕ на цените за водни услуги – Празнична честитка од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија
0
SHARES
1.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со известување на социјалните мрежи кое за изминатите 10 часа нема ниту еден „like“ денеска ЈПКД „Комуналец“ ги информираше граѓаните дека стапија на сила новите цени за водни услуги на претпријатието кон граѓаните за тековната 2024 година.

Одлуката е објавена во Службен весник на РСМ од 30 јануари годинава и стапува на сила со денот на објавувањето. Тоа значи дека граѓаните на општина Гевгелија, корисниците на водните услуги од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија од следниот месец ги очекуваат повисоки сметки за вода за 49,15%.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Значи ако плаќавте 1.000 денари сметка за вода, за следниот месец февруари сметката ќе ви изнесува за половина повеќе, т.е. околу 1.500 денари.

Пораст на месечните трошоци за водни услуги ќе го најдете во сметките за вода во следните позиции:

1. Вода – сегашна цена 19,10 ден/м3 од февруари ќе чини 26,27 ден./м3 (пораст од 37,54%)

2. Прочистување на отпадни води – сегашна цена 8,50 ден/м3 се покачува на 16,13 ден/м3 (пораст од 89,76%)

3. Одведување урбани отпадни води – сегашна цена 5,95 ден/м3 , нова цена 7,64 ден/м3 (пораст од 28,4%)

Решение за утврдена тарифа за снабдувањесо вода за пиење на „Комуналец“ Гевгелија за периодот 2024-2026
Решение за тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија за период 2024-2026
Решение за тарифа за прочистување отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија за период 2024-2026

Значи, досегашната цена за трите услуги: за вода, за прочистување отпадни води и одведување урбани отпадни води сумарно изнесуваше 33,55 ден/м3, а со новата одлука предложена од ЈПКД „Комуналец“ а верификувана од Регулаторната комисија овие три услуги ќе пораснат на 50,04 ден/м3. Сето ова е пораст на месечните сметки за вода од 49,15%.
На ова се надоградуваат и другите позиции од сметките на Комуналец: Надоместок за канализација, ѓубрарина по станбен простор, ѓубрарина за дворно место, надоместок за јавна чистота, баждарење на водомери и на крај ставката за ДДВ.

И ова не е се’.
Гевгелиски Комуналец во истата „Шок“ вест за граѓаните, известува дека Регулаторна им одобрила пораст на цените за 2025 година за нови 5,51% во календарската 2025 година во однос на цените од 2024 година, и уште една, трета по ред шок вест, дека цените за водните услуги ќе пораснат и во 2026 година за нови 4,36% во однос на 2025 година,

Честит Св.Трифун од гегелиски „Комуналец“ – Во виното е вистината, а во порастот на цените за водни услуги лежи новиот финансиски товар на семејниот буџет на гевгеличани.

Чаре има ли од задолжувањата на граѓаните кое од овој месец февруари во галоп ги спроведува „Комуналец“ по наплатата на нашите улици како јавни паркинзи, сега и со порастот на цените за води услуги?
Оснивач на јавното комунално претпријатие е Советот на општина Гевгелија и Советот е единствено тело кое ги одобрува цените на услугите на претпријатието кое го основал. Членовите на Советот на општина Гевгелија може и да го одбијат покачувањето на цените на „Комуналец“.  Па, чекаме да ги видиме храбрите гласачи !

ShareTweetShareSend
Previous Post

СТАРИ ГЕВГЕЛИСКИ БОЕМИ

Next Post

КБК „АЖДЕР“-Гевгелија освои четири медали на Државното првенство во кик бокс

Next Post
КБК „АЖДЕР“-Гевгелија освои четири медали на Државното првенство во кик бокс

КБК „АЖДЕР“-Гевгелија освои четири медали на Државното првенство во кик бокс

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Започна туристичката сезона во Дојран, започнаа и викенд гужвите

Започна туристичката сезона во Дојран, започнаа и викенд гужвите

1 година ago
Чествување на  денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј

Чествување на денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј

1 година ago
Анчев и Ангов – победнички тркачки тандем

Анчев и Ангов – победнички тркачки тандем

2 години ago
Приведени 20 лица во Стар Дојран

Приведени 20 лица во Стар Дојран

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist