Министерството за економија го објави Јавниот повик за доделување ваучери за бесплатен одмор на работници со ниски семејни примања.
Предмет на јавниот повик е: „Издавање на Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 18.000 денари“.
Право на аплицирање имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.
Јавниот повик е објавен на 12 февруари и ќе трае до крајот на месецот, до 29 февруари 2024 година.
Потврдата за одмор на работниците со ниски приходи ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2025 и од 15 септември до 1 декември 2025 година во некои од угостителските објекти во државата кои претходно веќе се пријавиле да примат на сместување вакви корисници на бесплатен одмор по пат на ваучери од Министерството за еконмија.
Потребните обрасци за аплицирање на јавниот повик се објавени на Веб страната на Министерството за економија: https://www.economy.gov.mk
Заинтересираните треба да пополнат и испратат до Министерството три документи:
– БАРАЊЕ за користење на ваучер за бесплатен одмор;
– ИЗЈАВА дека сака да користи годишен одмор со членовите на своето семејство во некои од угостителските објекти во државата: и
– ИЗЈАВА на НОТАР дека сите наведени податоци за семејните месечни приходи и членовите на семејството се точни.
Потребни се и пропратни документи кои ја потврдуваат состојбата со месечните примања, потоа за членовите на семејството и слично, за што веќе објавивме (на следниот линк).
Ваучери за одмор вo вредност од 18.000 денари за работници со ниски семејни примања
Потврдата за одмор за работници со ниски лични примања со сите уредно поднесени документи до Министерствотот за економија ќе се издаваат по принципот „прв дојден, прв услужен“. Министерството за оваа цел има обезбедено средства во износ од од 64 милиони денари, што значи дека ќе се издадат вкупно 3. 555 ваучери за одмор.
Пополнетите обрасци заедно со бараните документи се доставуваат до Министерството за економија на адреса Ул.Ј „уриј Гагарин“ вр. 15, 1000 Скопје