КБК „Аждер“ од Гевгелија освои злато и три бронзени медали на Државното првенство во Кик бокс што се одржа во неделата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
На првенството гевгелискиот кик бокс тим учествуваше со шест натпреварувачи, а тројца се закитија со медали.
Најуспешен беше Дејан Панов кој освои и ЗЛАТО и Бронза. Победнички крената рака и златен медал освои во категоријата М-85, а трет пласман и бронза освои во категоријата М-81.
Со Бронза се закитија и натпреварувачите Ристо Венов кој освоии трето место во категоријата М-69. Третиот носител на Бронза од Гевгелија е Џан Ибраимов кој се избори за трет пласман и бронза во категоријата М-63.
Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија официјално изјави дека – „Ова беше најмасовно издание на Државното Кик бокс првенство на Македонија. Од најавените 417 натпрреварувачи учество зедоа 346 кик боксери од 26 клуба во дисциплините поинт фајт, кик лајт, К1, лоу кик“.
Во екипна конкуренција гевгелиски „АЖДЕР“ го освои 20-то место.
Најдобар во екипна конкуренција беше КБКлуб „Шампион“ од Скопје кој беше прогласен за најуспешниот клуб на Државното кик бокс првенство со вкупно освоени 29 медали, од кои 21 златни, 4 сребрени и 4 бронзени.
Првенството го помогнаа Агенцијата за млади и спорт и неколку компании.
Инаку Кик бокс клубот „АЖДЕР“ од Гевгелија нема финансиска помош од Програмата за спорт на општина Гевгелија за 2024 година. Од 39 спортски кубови и спортисти кои ќе бидат помогнати годинава од локалниот буџет со сума од 21.000.000 денари „Аждер“ не е на листата на финансиски добитници, затоа е на листата на победниците и носителите на ЧЕТИРИ Медали од Државното кик бокс првенство на Македонија за 2024 година.