Утре, понеделник 19 февруари се навршуваат три години од прераната смрт во сообраќајна несреќа на младиот 18 годишен кошаркар на КК „Кожуф“ од Гевгелија.
По тој повод, наместо помен неговите клубски другари, спортисти, младинци организираат спортско сеќавање наместо помен во негова чест и незаборав.
Ќе се одиграат два натпревари:
Првиот помеѓу М-16 против тимот на „Спортисимо“ со почеток од 18:00ч.;
Вториот натпревар ќе се одигра помеѓу М-18 во првата младинска лига со тимот на МЗТ со почеток од 20:00ч.
Пред почетокот на вториот натпревар на семејството Пенови ќе им биде врачен дрес во негова чест. – – „Никогаш нема да те заборавиме !“ порачуваат организаторите на утрешниот сортски настан насловен „ОД СРЦЕ ЗА ПЕНА!“
Иван Пенов – Пена (18 г.) загина во сообраќајна несреќа на 19.02.2021 година враќајќи се од Стар Дојран. Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Стар Дојран – Нов Дојран каде патничко возило „Опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, излетало од коловозот. Во незгодата загинал Пенов, а со тешки повреди доживеале сопатниците И.М. и В.С.
Пенов сезоната 2021 беше регистриран во првиот тим на Кожув, а настапуваше и за јуниорскиот тим на тимот од Гевгелија. Предвреме згаснат живот, неизиграна спортска кариера која беше во подем.