По вчерашните раскопани несовршености и дупки низ улиците од гевгелискиот асфалт денеска на терен се екипи на изведувачот “Урбан Павер” ДОО Скопје кои имаат за задача да асфалтираат 700 м2 од гевгелискиот уличен простор. Од фирмата изведувач известуваат дека на терен ќе бидат и во текот на утрешниот ден.
Нарачател на работите е Општина Гевгелија.
Внимателно и трпеливо за учесниците во сообраќајот кога ќе се најдат пред машинските асфалтни изведувачи.