Заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вечерва информира дека на ГП „Богородица“ кај Гевгелија пристигна пратка со 140.000 обрасци за пасош за потребите на македонските граѓани.
- „Покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што бројката од 225.000 обрасци се комплетира.
Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600“ – соопшти Митко Бојмацалиев.
Во оваа прилика тој упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, додаде Бојмацалиев.
Тој лично ја пречека вечерва пратката на Граничниот премин „Богородица“ и имаше средба со припадниците на граничната полиција и царинарниците службеници. на „Богородица“