Годинава се одбележува 80 години од славниот планинарски марш на партизанските единици на Македонија во 1944 година „ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 2024“.
По стапките на Првата Македонско-Косовска ударна бригада во рамките на јубилејниот „Февруарски поход 2024“ годинава одеа и планинари од Дојран, од ЗПК „Даб“ искачувајќи се до врвот Биса.
Се одеше по автентична патека од историскиот февруарски планински марш од с.Богомила се пешачеше до превојот Стојкова ливада, под врвот Биса и назад до пензионерски дом во с. Богомила. Должината на трасата беше 15 километри со висинска разлика од 550 метри н.в.
Маршот го организираше СПД „Зелен рај“ од Велес под покровителство на општина Чашка.
Февруарскиот поход буди најдлабоки емоции и овој февруари. Не бледнеат сеќавањата на антифашистичката борба и борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Тоа го покажува и видеото со инспиративната усна хармоника и песната.
– „Гордост е да се биде на овој настан, да се зачува традицијата“ – изјави Стивен Бошевски од Велес, учесник на годинаштата акција „Февруарски поход 2024“.
За издржливоста на новите генерации кои не ја забораваат славната партизанска историја од времето на НОБ и со планинарскиот марш „Февруарски поход“ ја покажаа својата спремност и физичка издржливост, говори и фотографијата на „македонските моржеви“ кои се искапеа во студените планински води по патеката на маршот во висините на Биса.