Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија е најмасовната спортска организирана форма во која членуваат стотоци атлетичари, а успеваат со своите спортски активности да привлечат и 2.500 до 3.000 учесници, а публиката што ги следи е исто така илјадна.
Двајца активни членови на клубот, носители на бројни медали, признанија, пиедестали, по професија дипломирани спортски работници ја иницираат тренинг мисијата за спортско ангажираност на младите, со цел создавање здрави навики за тренинг кои значат физичка кондиција, издржливост и здрав организам.
Тренизи по „Лесна атлетика“ и вежби за развој на децата од 7 до 14 годишна возраст ќе се изведуваат секој вторник, четврток и сабота, под надзор на проф. Тодор Анчев 075-246-669 и проф. Влатко Семенаков 070-770-361.
Првиот тренинг е закажан за 05.03.2024 (вторник, следната недела) и ќе се одржи заедно со родителите во 18:30 часот на Градски стадион Гевгелија, Ракометното игралиште.
Членарината изнесува 1.000 денари месечно.
Ајде на тренинг, другарување и нови детски победи!