Работните изведби за изградба на нова канализациона линија на последниот јужен километар од ул. “7ми Ноември” денеска стасаа до своите клиенти – новоизградените станбени згради карши некогашниот градски пазар.
Тесниот уличен простор зафатен со тешката механизација на изведувачите ги принудува автомобилите да се движат и над тротоарите. Полесно поминуваат моторите, велосипедите.
Утре работите должински продолжуваат на север, а тоа значи до оградениот пристор од стариот градски пазар. Простор за манипулации на возачите ќе нема.
За да не се впуштате во двобој за предност со багеристите пожелно е возачите да ја одбегнуваат оваа улица за сообраќај при обиколките низ градот во текот на утрешниот ден.

