Ве поздравуваме со жуборот од фонтаната во центарот на градот.
Денешните 21°C и мирниот безветровит ден го оставија тивкиот воден млаз од “Детето со рипката” нереметен од градскиот ритам. Тие си имаат свој ритам на спокој повеќе од половина век, под боровата сенка во центарот на Гевгелија.
Имајте убав ден!