Со финансиски влог од 4.000.000 денари фондацијата „Ице Бегов“ од Скопје започнува изградба на инклузивен парк во Гевгелија.
Локацијата на паркот е сегашното двориште пред Пионерскиот дом во Гевгелија кое Фондацијата се нафаќа да го преуреди, адаптира и видоизмени со цел тоа да биде простор за забава, игра и дружења.
– „Со гордост објавуваме дека денес започна изградбата на нашиот нов инклузивен парк во Гевгелија, каде уште еднаш ќе покажеме дека сите сме еднакви, дека бариери и предрасуди нема.
Ова е резултат на трудот и ангажманот на нашата фондација, која со огромно задоволство ќе го преуреди и адаптира дворот на Пионерски дом и ќе направи јавен парк кој што ке можат сите да го користат“ – изјавуваат од Фондацијата.
Оновна цел на овој зафат е збогатување на животот на децата и лицата со посебни потреби во нашата заедница.
Паркот предвидува зелени површини, патеки, простор за игра, реквизити за игра и ќе претставува собиралиште и игралиште за децата, место за спокојна игра која ќе ја следат родителите и прудружниците на децата.
– „Веруваме дека ова ќе биде место каде што сите ќе можат да уживаат и да создадат незаборавни спомени“ – со оптимизам ги најавуваат работите за овој проект во Гевгелија од Фондацијата „Ице Бегов“.
Именосецот на фондацијата е роден гевгеличанец, лице со посебни потреби кои почина од компликации од вирусот корона за време на пандемијата. Родителите и семејството во негов спомен и ангажман за лицата со посебни потреби формираа фондација која не и’ е прв пат да донира за Гевгелија. Mинатата година тие донираа специјално опремено возило за лица со посебни потреби кое ќе го користат за патувања, настани, екскурзии штитениците од Дневниот центар во Гевгелија и Здруженијата на инвалидски организации од Гевгелија.