Вчера, 28.02.2024 год., во четиричасовна огнена ноќ (од 02 до 06 часот изутрина) и борба на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија да го стават под контрола и изгаснат пожарот, 5-то члено семејство од Гевгелија остана без својот дом, со изгубен сон, изгорена покуќнина, пеплосани спомени и без услови за живот.
Семејството на З.Б. со сопругата и трите малолетни деца имаат потреба од ХУМАНИТАРНА ПОДДРШКА за да го продолжат животот и своите редовни работни обврски, училишни обврски, и да создадат свое ново живеалиште, нов дом.
Првата реакција пристигна од Црвен крст Гевгелија кој го посети семејството и ги увиде потребите по несреќниот настан, за што упати ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ ЗА ПОМОШ со донирање на следните најитни потреби:
▶️ I. Зачувана, чиста и нова облека за:
– 2 машки деца на возраст од 15 години величина М
– 1 машко дете на возраст од 10 години величина S
– 1 возрасно машко лице (XL/2XL величини) и 1 возрасно женско лице (M величина)
▶️ II. Храна со подолг рок на траење и конзервирана храна, како и средства за хигиена
ООЦК Гевгелија ги отвара вратите за донации за сите физички и правни лица уште во текот на утрешниот ден.
Дополнително, ќе бидат поставени КУТИИ ЗА ДОНАЦИЈА НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА на повеќе локации во градот.
Ги повикуваме сите наши сограѓани да се вклучат во апелот и да ја дадат својата поддршка на хуманата мисија!
Ова е првиот АПЕЛ на професионално ориентираната хуманитарна организација на Црвениот крст во Гевгелија.
Треба да се вклучат со финансиска поддршка и институциите во градот и општината, локалната самоуправа, МТСП.
А Вие добри луѓе, каде и да видете кутија за донации донирајте за нашите сограѓани!
Ова беше огнената ноќ што ја преживеа 5-то членото семејство со три малолетни деца во Гевгелија. Го понесоа својот живот со себе, домот и спомените во него останаа во пепелта.