сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија

Најбројната трка сезонава на меѓународно ниво, која годинава се одржува по јубилеен 5-ти пат „Кaterini Run 2024“ однесе 30-на атлетичари од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија на спортско докажување на своите можности, а од таму се вратија со два бронзени медала и една Специјална награда

март 3, 2024
in СПОРТ
Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија
0
SHARES
624
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Најбројната трка сезонава на меѓународно ниво, која годинава се одржува по јубилеен 5-ти пат „Кaterini Run 2024“ однесе 30-на атлетичари од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија на спортско докажување на своите можности.

Не само што беа добри, туку гевгелиските атлетичари беа и најбројни со учесници на меѓународниот спортски митинг неделава во грчкиот град Катерини, поради што ја понесоа и Специјалната награда за Атлетски тим со најбројно учество на спортски натпреварувачи.

Гевгеличани не останаа само на бројките, освоија и два подиума, понесоа и два пехара:

– ТРЕТО место во женска конкуренција освои МАРИЈА ПЕЛИКОН со време од 1:40:18 за полумаратонската трка од 21,1 километар.
– ТРЕТО место во генерален пласман освои МАКСИМ АНГОВ (10 год.) во детската трка на 1 километар.

Mарија Пеликон – ТРЕТО место на 21,1, км во женска конкуренција
Максим Ангов носителот на пехар и бронзен медал од трката на 1 км. заедно со својот тренер Тодор Анчев
Дарко Прошев – најдобро време од машките учесници од Гевгелија на полумаратнската трка

Од гевгелиските учесници во машка конкуренција најзабележителен резултат постигна ДАРКО ПРОШЕВ со време од 1:45:04 час во полумаратонската трка од 21,1 км.

Следуваа со резултатите:
– Арнаудов Кимо (1:46:28),
– Арнаудов Дарко ( 1:53.20),
– Темелковски Благојче ( 1:58:59),
– Ристов Драган (1:59:44),
– Арнаудов Ангел (2:11:46) и
– Петков Живко (2:24:11), истрчано време на трасата за полумаратон од 21,1,км.


Во трката од 5 километри
настапија 15 атлетичари од Гевгелија, а постигнатото време беше по следниот редослед:
– Најдобар на трасата со време од 19:20 постигна АНЧЕВ ТОДОР и се пласира во ТОП 10 со постигнатото време на трасата, односно освои 8-то место на 5км трка. 

Тодор Анчев се пласираше во ТОП 10 на трката од 5км. – освои 8-то место

Следните кои настапија на трката од 5км се: Михајловски Валентин (20:42), Нанчев Никола (24:25), Узунов Борче (25:29), Граматиков Теодор ( 27:26), Мичев Никола (28.24), Толов Александар (31.22), Костадинов Николчо (31.50), Чучанов Ѓорге (32.00), Шаренкова Ангела (33.04), Ангов Димитар (33.05), Пешиќ Бобан (32.37), Мичева Викторија (37.54), Петкова Борјана (47.23) и Петкова Александра ( 47.27).

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/03/Katerini-03.03.2024.mp4

Прекрасниот сончев ден го уживаше голем број на спортска публика, а тркачките стази ги запоседнаа атлетичари од седум светски држави.
Учесници беа атлетичари од Пакистан, Украина, Русија, Македонија, САД, Италија и од земјата домаќин Грција.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/03/TRKa-Katerinia.mp4

Организатор на спортскиот настан кој изобилуваше со младост, спортска сила, стремеж за победа и тимски пријателства беше Атлетскиот клуб „ЗЕВС“ од од Катерини кој е клубски побратим со АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Гевгелиските тркачи ја претставуваа Македонија, Гевгелија и нашата спортска сила.

Честитки до сите учесници кои придонесоа Гевгелија да стане добитник на специјалната награда за најброен тимски учесник, честитки за освојувачите на медали. Честитки за успешниот почеток на меѓународната спортска сезона на атлтичарите од Гевгелија!

Специјална награда за Најброен тимски учесник на трката во Катерини, Грција ја понесе АК „7ми Ноември“
ShareTweetShareSend
Previous Post

Добрила Чабриќ на 96 години сама вози низ Европа

Next Post

Во канцеларијата на ДИК во Гевгелија се собираат потписи за 9 кандидати за претседател на државата

Next Post
Во канцеларијата на ДИК во Гевгелија се собираат потписи за 9 кандидати за претседател на државата

Во канцеларијата на ДИК во Гевгелија се собираат потписи за 9 кандидати за претседател на државата

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пејачката група „Распеани Гевгеличани“ гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

Пејачката група „Распеани Гевгеличани“ гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

2 години ago
Лишени од слобода двајца Гевгеличани

Лишени од слобода двајца Гевгеличани

2 години ago
Ракометните ветеранки од Богданци и Гевгелија освоија подиум во Куманово

Ракометните ветеранки од Богданци и Гевгелија освоија подиум во Куманово

2 години ago
Енергетска економичност во македонскиот Лас Вегас

Енергетска економичност во македонскиот Лас Вегас

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist