Негорци од вчера е во тага, тагува и Гевгелија, но и цела македонска јавност која дозна за веста за несреќното загинато момче од удар на гром при вчерашното невреме во Гевгелија. За несреќата известија бројни медиуми кои ја пренесоа потресната загуба во гевгелиското село Негорци.
На фејсбук групата „Земјоделие“ се споделува потресен текст за момчето кое вчера почина од удар од гром во Негорци. Во посветата стои:
– „Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група .
Плачам и пишувам …..
Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ѓи овците во околината наречена ,,К’рот”, во атарот на село Негорци.
Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето,на тракторот…
Дете кое стануваше во 5 часот наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија. Дете кое се радуваше на животот, секогаш насмеан, сакан од најблиските, не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.
Тој ги почитуваше сите..и старо и младо…
Имаше многу пријатели од сите националности
и често другаруваше со нив.
Царство небесно Трифун Бучков, нека ти е светол патот….“
ова стои во објавата на извесна Васка Јaнева.
Светол пат дете златно!